Марио Манџукиќ реши да оди во фудбалска пензија на 35-годишна возраст. Негов последен клуб во кариерата беше Милан за кој играше изминатата полусезона.
Хрватскиот голгетер може да се пофали со фантастично фудбалски си-ви, бидејќи освен за Милан играше и за неколку други гиганти како Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Волфсбург. Во својата татковина играше за Динамо Загреб, Загреб и Марсонија. Одигра 582 професионални клупски натпревари и постигна 228 голови, анализира Спорт 1.
Во дресот на хрватската репрезентација запиша 89 настапи и постигна 33 голови. Беше дел од националниот тим, кој во 2018 година играше во финалето на Светското првенство и го освои сребрениот медал.
View this post on Instagram