Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Роналд Куман, предвреме ја заврши денешната прес-конференција поради крварење од носот.
Куман одговараше на новинарски прашања пред утрешниот натпревар од 25. коло во шпанското првенство против Севиља, кога во еден момент од неговиот нос потече крв по што портпаролот на Барселона ја прекина прес-конференцијата.
Холандскиот стратег и во минатото имаше проблеми со крвавење од носот за време на прес – конференции.
-Свесен сум дека тренерската улога во Барселона секогаш носи голем притисок. Доколку не победиш или ако загубиш, виновен е тренерот. Не знам што ќе се случува, имаме време да зборуваме за иднината. Во секој случај, јас сум оптимист, изјави Куман претходно на конференцијата за новинари. (МИА)
❗Today, for the second time in recent weeks, Ronald Koeman has suffered a nose bleeding during his press conference.
Via: @samuelmarsden [espn]
Hope he is alright! pic.twitter.com/lNU6lhlHCY
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) February 26, 2021
🗣 [ @fansjavimiguel ] | Koeman takes blood thinners after the heart problem he suffered from last year. That’s the cause of his sudden nosebleeds. pic.twitter.com/Q5sGkPg0HO
— BarçaTimes (@BarcaTimes) February 26, 2021