Како се доближува времето за почеток на мечот меѓу Шкендија и Тотенхем, така и се намалуваат шансите на тетовци дека може да направат чудо. Ако вчера, коефициентот за победа на Шкендија беше 17, сега тој е речиси двојно поголем, пишува Спортманија.
Ако верувате дека Шкендија може да го победи Тотенхем, коефициентот за „кец“ е дури 30. Тоа значи дека за 100 вложени денари, евентуалната добивка ќе ви биде 3000 денари, односно речиси 50 евра. Овој коефициент е одлична можност за сите фанови на Шкендија да имаат дополнителна причина да навиваат за триумф на македонскиот претставник.
Тотенхем во Скопје допатува со најсилен тим, а во последниот меч што лондончани го одиграа, победија со 5:2 на гости кај Саутемптон со што ја потврдија силата.