Репрезентацијата на Англија ја постигна најголемата победа на светските првенства од 1990 година наваму, откако ја елиминира Колумбија по изведувањето на пенали во осминафиналето.
Колумбиските фанови сепак се активираат во татковината и подготвиле петиција за преигрување на дуелот, потпишана од речиси 200 000 луѓе.
Желбата е ФИФА да направи преседан поради ферплеј, бидејќи „лос кафетерос“ се чувствуваат оштетени од судијата Марк Гајгер.
Првото тврдење е за непостоечки пенал против Хари Кејн по контактот со Карлос Санчез, а второто е за поништениот гол на Карлос Бака во првото продолжение. Тогаш втора топка влезе теренот и беше брзо отстранета од страничниот арбитер, но Хари Мегваер беше дефокусиран поради неа и не можеше да се спротивстави на акцијата на Колумбија.
Англичаните, исто така, имаат претензии кон судијата, особено за непокажан црвен картон на Вилмар Бариос за удар без топка врз Џордан Хендерсон во првото полувреме.