понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Сол на раната“ за фановите на Барса: Меси ја лајкна објавата на Лаутаро од „Камп Ноу“ (Фото)

„Сол на раната“ за фановите на Барса: Меси ја лајкна објавата на Лаутаро од „Камп Ноу“ (Фото)

Иако беа донесени огромни засилувања во летниот преоден рок, Барселона во првите четири рунди одново докажа дека не е дорасната за Лигата на шампионите, а тоа го призна и самиот Чави по ремито од 3:3 против Интер на „Камп Ноу“.

Овој резултат и единствената победа остварена над Плзен прави Барселона да има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето, бидејќи играчите на Чави веќе не зависат сами од себе и ќе мора да се надеваат на чудо на Плзен против Интер во следното коло.

Вчерашниот натпревар во Барселона понуди извонреден фудбал, големи шанси и неверојатна страст на теренот, а во такви услови, на крајот подобро се снајдоа гостите од Италија кои извлекоа 3:3, но беа многу блиску и до победа од 3:4.

Интер одигра извонреден натпревар на тимски план, но сепак посебно добар беше Лаутаро Мартинез кој постигна гол и феноменално асистираше до Госенс.

– Срце, личностс, понизност. Форца Интер, – порача Лаутаро Мартинез од „Камо Ноу“, објава која додаде „сол на раната“ меѓу навивачите на Барселона, бидејќи истата беше лајкната и од Лионел Меси.