Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека неговиот тим нема да може да ги постигне своите цели во следната кампања доколку инвестициите во првиот тим не следат за време на трансфер летото.
„Црвените ѓаволи“ удрија на камен во потрагата по англискиот репрезентативец Џејден Саннчо од Борусија Дортмунд. Гигантот од Манчестер продолжува да се поврзува со голем број на познати имиња на Стариот континент, но досега не е финализиран договор.
Норвешкиот стручњак побрза да олесни одредена напнатост на темата, но сепак истакна дека неговиот тим не е доволно широк за да се справи со предизвикот да игра на 4 фронта во текот на следната кампања.
– Ние не сме ни блиску да бидеме готов тим. Ливерпул и Сити се уште се далеку пред нас. Ќе имаме доста време да се подготвиме помеѓу двете сезони. Со оглед на настаните околу пандемијата, ние сме во деликатен момент и знаеме дека нема да биде лесно да бидеме конкурентни на сите натпреварувања. Потребен ни е голем тим. Не можеме да сметаме на 12-13 играчи, мора да имаме 20-21 рамноправни играчи. Ќе биде тешко ментално и физички, изјави Оле.