четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер е веќе минато на Манчестер Јунатед, познато е привременото решение

Солскјер е веќе минато на Манчестер Јунатед, познато е привременото решение

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед  наскоро ќе добие нов предводник. Оле Гунар Солксјер доби отказ од менаџерската позиција во Манчестер јунајтед по попладневниот пораз од Вотффорд со 4-1.

Бордот на директори донесе одлука и спортскиот директор му ги соопшти негативните вести на норвешкиот стратег.

Поразот од Ливерпул и Сити,Лестер и Јанг Бојс, како и нејасната физиономија на игра, го чинеа поранешниот напаѓач на „ѓаволите“ отказ.

Солкјсер дојде на клупата на Манчестер Јунајтед во 2018 година, освои вицешампионска титула, играше финале на Лига Европа, но не успеа да освои ниту еден трофеј.

Привремено решение ќе биде Дарен Флечер кој веројатно ќе го води тимот против Виљареал во вторник, а потоа ќе биде назначен перманентен менаџер.

Имињата на Зидан, Роџерс и Манчини се појавија во јавноста последните недели.