петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер ја забележа 50. победа со Манчестер Јунајтед

Солскјер ја забележа 50. победа со Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер извојува 50 победи како главен тренер на Манчестер Јунајтед. За да го стори ова, му беа потребни 92 натпревара.

Пред него само Ернест Магнал (78 настапи) и Жозе Мурињо (81 настап) имаат постигнато 50 победи во помалку натпревари.

Солскјер малиот јубилеј го прослави синоќа по победата на неговите избраници на дуелот од ЕФЛ купот против Лутон (3:0).