петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер: Мора да бидеме внимателни со Грилиш

Солскјер: Мора да бидеме внимателни со Грилиш

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја прокоментира играта на sвездата на Астон Вила, Џек Грејлиш, пред утрешниот судир меѓу двете екипи на „Вила Парк“.

На претходниот натпревар помеѓу тимот од Бирмингем и „црвените ѓаволи“, англискиот репрезентативец постигна убав гол, а Вила извлекоа бод од нивната посета на „Олд Трафорд“.

– На последниот натпревар против нив, Грилиш и Ел Гази создадоа проблеми за нас. Едниот од левата страна, другиот на десната. Тој постигна фантастичен гол. Се зборува многу за него и мора да бидеме внимателни. Грилиш успева да собере противници околу себе и така да отвори простор за соиграчите. Но во составот на Астон Вила нема само еден играч, рече Солскјаер.