недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер: Не сакам да го напуштам Јунајтед

Солскјер: Не сакам да го напуштам Јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се произнесе дека не сака да го напушти тимот.

– Не сакам да заминам. Имаме одличен тим и фантастична атмосфера. Ќе работам додека ми важи договорот и ќе се трудам да освоиме што повеќе бодови. Победивме на четири натпревари по пред, значи овие играчи имаа квалитет, изјави Солскјер.

Норвежанецот дојде на местото на Жозе Мурињо во текот на сезоната и досега има максимален ефект.

Неговиот договор е до крајот на сезоната и според тоа што беше објавено претходно, тој по завршувањето на првенството треба да се врати во татковината во тимот на Молде.