Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер нема да биде отпуштен од работа, пренесува „Дејли меил“.
Според британскиот весник, 46-годишниот Норвежанец ужива целосна поддршка кај одборот на директори и американските сопственици, и покрај најлошиот почеток на тимот во последните 30 години.
Јунајтед досега на осум натпревари во Премиер лигата има само две победи.
Раководството се потпира на Солскјер на долг рок и планира да создаде нов тим под негово водство.
После осум кола Јунајтед има девет бода во Англиското фудбалско првенство и е само со два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.