Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека амбиција на неговиот тим е освојување на Лигата на Европа.
– Остануваат уште четири натпревари пред трофејот. Тимот растеше во текот на целата сезона и се радуваме што завршивме на третото место во Премиер лигата, но следниот чекор е да се освои трофејот во Лигата на Европа, истакна Солскјер.
Играчите сакаат да играат, не им треба пауза. Се надевам дека и вечерва за победа нема да недостасува мотив и покрај големата предност од првата средба, додаде предводникот на Јунајтед.
Вечер од 21 часот, во реваншот од осминафиналето, англискиот тим ќе игра со ЛАСК. На првиот меч, „црвените ѓаволи“ победија со 5:0. (MИА)