понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер по мечот со Саутемптон критикуваше еден фудбалер

Солскјер по мечот со Саутемптон критикуваше еден фудбалер

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед ги испушти првите два бода во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, бидејќи ова попладне одигра само 1:1 на гостувањето на „Ст. Мери“ кај Саутемптон.

Оле Гунар Солскјер имаше измешани чувства по средбата која заврши со нерешен резултат, но покрај тоа што истакна дека судиите во Премиер лигата одат од крајност во крајност (се пожали за недосудениот фаул над Бруно при голот на домаќинот), искритикува и еден стартер кој не реагирал најдобро при погодокот на Саутемптон.

– Откако примивме гол, ги загубивме нашите глави на теренот. Потоа израмнивме и игравме добар фудбал, но во последните 20 минути го загубивме моментумот и станавме невешти во завршницата од акциите. Што се однесува до нивниот гол, фудбалот оди од екстремно од крајност во крајност. Тоа е прекршок, 100 проценти прекршок врз Бруно. Но, тоа се случува во фудбалот, а ние мора да бидеме свесни дека секоја одлука нема да биде по наше. Требаше да реагираме подобро по таа ситуација. Имаа среќа, но Фред требаше да ја испружи цела нога и да блокира навреме. Потребни ни се подобри реакции и подобри одлуки во такви ситуации. Ова е старт на сезоната, фитнесот не е на највисоко ниво, но пред се денеска стануваше збор за замор во последните 20 минути, – изјави Солскјер.