вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер смета дека на Јунајтед не му треба нов централен дефанзивец

Солскјер смета дека на Јунајтед не му треба нов централен дефанзивец

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не смета дека на тимот му треба нов централен дефанзивец.

Хари Мегваер и Виктор Линделоф предизвикаа многу критики за нивниот настап на првиот натпревар од Премиер лигата, а најверојатно ќе си заминат Маркос Рохо и Крис Смолинг. Фил Џонс е повреден, а Аксел Туанзебе се уште не е подготвен.

Поради сето ова, се шпекулираше дека Солсјер ќе побара од управата на клубот друг играч во оваа област.

Сепак, Норвежанецот го демантираше тоа и се осврна на квалитетите на Ерик Баји, кој беше стартер во победата против Лутон пред неколку дена.

“Мислам дека минатата сезона ни покажа како можеме најдобро да се браниме. Пред една недела не бевме фантастични и примивме смешни голови. Минатата сезона се виде дека Хари и Ерик имаат добро партнерство. Сепак, ние исто така се браневме како тим. Ерик е повторно подготвен, што е многу, многу голем бонус за нас. Со нетрпение очекувам да го видам неговиот развој. Тој ќе игра повеќе натпревари оваа сезона, изјави Солскјер.

Повторно прашан за можни нови трансфери до 5 октомври, менаџерот на „црвените ѓаволи“ одговори: „Имам целосна доверба во моите играчи. Вие не можете да предвидите многу во фудбалот. Јас сум фокусиран само на трите бода на саботниот натпревар. Потоа можеме да разговараме повторно“. (МИА)