Неверојатни сцени се случија вчера во Бергамо каде Аталанта беше домаќин на Торино.
Пред овој натпревар од Аталанта се прости словенечкиот фудбалер Јосип Иличиќ (34) кој претходните пет години го носеше дресот на тимот од Бергамо.
Иличиќ имаше сериозни здравствени проблеми во изминатите две години. Депресијата му ја уништи кариерата и никогаш не можеше да се врати на нивото и формата во која беше порано.
Па Аталанта реши да го раскине договорот со овој 34-годишен фудбалер а тој го прифати прекинот на соработката.
Пред дуелот со Торино му беше приредено збогување. Сега поранешните соиграчи направија шпалир и срдечно го поздравија Иличиќ.
Секако, трибините „експлодираа“ кога тој се појави на теренот. Тие го скандираа неговото име и му беше посветен транспарент.
„Благодарам за се Иличиќ 72“, пишуваше на транспарентот на навивачите на Аталанта.
We're not crying, 𝘆𝗼𝘂'𝗿𝗲 crying. @Atalanta_BC pay Josip Iličić a fitting tribute 👏#AtalantaTorino pic.twitter.com/sC2eh9XePN
— Lega Serie A (@SerieA_EN) September 1, 2022
Дали ќе ја заврши кариерата и ќе се посвети на опоравување од депресија или ќе продолжи со фудбалот, веројатно во наредниот период ќе дознаеме.