четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сопругата на Ди Марија: Манчестер е ужас, сакав да се убијам… се преселивме само поради парите

Сопругата на Ди Марија: Манчестер е ужас, сакав да се убијам… се преселивме само поради парите

Сопругата на Анхел Ди Марија, Хорхелина Кардосо вели дека не можела да го поднесе животот во Манчестер и додава дека се преселиле во северот на Англија само поради парите и добрата финансиска понуда.

Анхел Ди Марија во 2014 го напушти Реал Мадрид и се пресели во Манчестер јунајтед, но неговиот престој на Олд Трафорд траеше само 12 месеци, Аргентинецот експресно го напушти клубот и направи трансфер во ПСЖ.

Неговата сопруга, Хорхелина Кардосо сега уште еднаш се пожали од авантурата на северот во Англија.

„Манчестер е ужасен, едно време му кажав на Ди Марија, „Душо, ми доаѓа да се убијам, во 2 часот попладне е ноќ“. Во Мадрид, тој играше за најдобриот клуб во светот, градот беше перфектен, храната беше перфектна, времето беше перфектно, се беше перфектно“ – вели сопругата на напаѓачот.

„Но му понудија многу пари, повеќе од она што заработуваше во Реал. Доколку работите за некоја компанија и некој ви понуди двојно повеќе пари, секако дека ќе прифатите“.