четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Социјалните мрежи „горат“ поради снимките од алкохолизираниот Грилиш, фудбалерот со денови не се трезни

Социјалните мрежи „горат“ поради снимките од алкохолизираниот Грилиш, фудбалерот со денови не се трезни

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш е познат и по тоа што во текот на сезоната пие и тоа го оправдува со добрите партии на теренот, но она што го прави по освојувањето на триплетата, ги надмина границите на сè што досега направил.

Грилиш одигра голема улога во освојување на тројната круна за својот Манчестер Сити, а по најважниот трофеј, освојувањето на Лигата на шампионите, англискиот офанзивец не се трезни.

Сè започнало во саботата вечерта во Истанбул, по победата на Сити над Интер. Грилиш започнал да пие во соблекувалната, а снимките го обиколија светот.

Но, тоа било само почеток – следувале денови и ноќи во кои фудбалерот постојано пиел. Ѕвездите на Сити вчера пристигнаа на целодневната парада во Манчестер, а веќе по излегувањето од авионот Грилиш бил толку пијан што едвај одел.

Англичанецот во текот на славеничката парада на улиците на Манчестер целосно оправдано го украл шоуто, а камерите го снимале исклучиво него.

На социјалните мрежи реакциите и снимките од Грилиш се целосен хит, а дури и се направени Твитер профили под името „Drunk Jack Grealish“ односно „Пијан Џек Грилиш“.

Во каква состојба ќе се појави англискиот фудбалер на собирот на репрезентацијата, останува да се види.