сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СП 2018: Иран со автогол сигна до победа против Мароко

СП 2018: Иран со автогол сигна до победа против Мароко

Иран во последните секунди од натпреварот против Мароко стигна до минимална победа од 1:0 во групата Б на Светското првенство во Русија.

Мароканскиот фудбалер Азиз Бухадуз постигна автогол во 95 минута, откакосо глава погоди во сопствената мрежа.

Двете репрезентации во текот на натпреварот имаа по неколку шанси.

Мароканците имаа поголема контрола на теренот, но Иран се покажа опасен во контранападите.

Натпреварот беше во голема мера рамноправен натпревар за што говори и статистиката од средбата.