Португалскиот селектор, Фернандо Сантош изјави дека очекувал неговиот тим да победи на натпреварот против Шпанија.
Тој беше малку разочаран по ремито 3:3 вчеравечер на стадионот во Сочи и имаше некои забелешки кон своите играчи.
– Не очекував лесен натпревар со Шпанија. Не ме сфаќајте погрешно, јас мислев дека ќе победиме. Средбата почна добро за нас, но потоа му дозволивме на Кошта да изедначи на лесен начин. Не сум особено среќен, бидејќи лесно ја губевме топката и понекогаш не бевме доволно концентрирани. Но Шпанија, исто така, не нѝ ја олесни работата, рече Сантош по мечот.
МИА