Реал Мадрид петти пат откако се игра клупскиот Мундијал како наследник на Интерконтиненталниот куп стана светски првак за 2022 година во саботата во Мароко, а ФИФА објави каде ќе се игра годинешното издание на континенталните прваци.
Светската организација и додели на С. Арабија да го организира клупскиот Мундијал кој ќе се одржи од 12 до 22 декември, што е прв голем настан под капата на ФИФА за еден фудбалски турнир, откако оваа арапска земја веќе ги организира Суперкуповите на Шпанија и на Италија.
С. Арабија е кандидат за Мундијалот во 2030 година заедно со Египет и Грција, а веќе има добиено организација на Азискиот куп во 2027 година, како и на Азиските игри во 3024 година, а се најавува кандидатура и за Летни Олимписки игри во 2036 година.