Лучијано Спалети непосредно пред натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се игра следниот викенд во Скопје, го презема селекторското столче од Роберто Манчини.
Тренерот кој минатата сезона беше калчо-првак со Наполи беше официјално претставен на медиумите, на првата прес-конференција како нов селектор.
„Сакав да одберам искусни играчи за мојот прв список. Не повикав многу фудбалери, за да не оставам многу од нив на трибините. Сега е старт на сезоната и ситуацијата е чудна. Ги нема Верати и Жоргињо бидејќи не играат редовно. Поради тоа, не гледав имиња туку кој игра редовно. Ова е екипа која го освои Европското првенство и беше 37 натпревари без пораз. Манчини ми остави добар тим во „аманет“.
Едно е сигурно, а тоа е дека ќе играме со четворица во последната линија, иако повеќето наши дефанзивци во своите имови играат одбрана со тројца. Нашиот тим го сочинуваат различни играчи со разни карактери. Можеби нема да бидам најдобриот селектор на Италија, ама ви ветувам дека ќе бидам најдобрата верзија на Спалети“, изјави новиот предводник на „аѕурите“.