Италија ја совлада Украина со 2-1 во дуелот од нашаѕа група во која да потсетиме Македонија рутински беше подобра од селекцијата на Малта (2-0).
-Мора да бидеме среќни оваа вечер. Не може постојано да се притиска и да не се дозволи ниту едно нафрлување. Дозволивме само неколку опасни ситуации. Тимот играше добар фудбал и беше добро поставен. Да не бидеме премногу пребирливи, бидејќи и тоа не е фер, -порача Спалети.
Италијанците имаат седум бода, исто како Украина и македонската репрезентација.