вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети: Време е да ги залечиме старите рани против Македонија

Спалети: Време е да ги залечиме старите рани против Македонија

Италија со нов селектор пристигна во Скопје. Лучијано Спалети го најави дуелот со Македонија и кажа дека „аѕурите“ ќе направат се за да си заминат со бодовите на своето конто. Се уште се памети поразот во Палермо, кој ја остави Италија без СП 2022, а постои желба за одмазда.

„Имаме важна приказна зад нас, што има одредени рани. Време е да ги залечиме тие рани. Тимот ќе се обиде да ја игра својата игра, имаме простор за напредок и за креација на теренот. Среќен сум како тимот изгледаше за време на подготовките, ги видов лицата на играчите. Ќе ги немаме Киеза и Пелегрини, но тоа не ми менува ништо, затоа што имаме 30 играчи на располагање и јас им верувам на сите. Разочарани сме, но мора да продолжиме без нив. Ги ослободивме затоа што не сакаме да ризикуваме“, изјави Спалети.

Македонија прво ќе игра против Италија во Скопје, додека на 12 септември гостува на островот кај Малта која претходно ја совладавме на домашен терен на отворањето на квалификациите за ЕП 2024.