Медицинскиот тим на италијанската репрезентација ја потврди повредата на Спинацола, прогнозите се дека ќе биде во аут од четири до шест месеци.
Според информациите од Италија, Спинацола утре ќе оди во Финска каде ќе му биде извршена операција на ахиловата тетива.
Рома одлучила да го прати Спинацола кај специјалистот професор Сакари Орава кој работи во Турку, Финска.
Таму ќе му биде извршена операцијата по што ќе почне процесот на рехабилитација. Прогнозите се дека ќе се врати на теренот за четири до шест месеци во зависност од степенот на повредата.
Тоа се добри вест, со оглед на тоа дека за ваква повреда некои паузирале и по 12 месеци.
Ако се опорави за шест месеци, Спинацола ќе може да и помогне на Рома во вториот дел од оваа сезона.