Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Стефан Спировски, дуелот со Лихтенштајн го гледа како убава можност да се продолжи победничката серија во групата од Лигата на нации. Тој вели дека националниот тим подготвен ќе го дочека саботниот дуел.
– Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата, изјави Спировски за веб страницата на ФФМ.
Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври со почеток во 20:45 на „Филип Втори“.
По првите две рунди во Група 4 Дивизија Б, Македонија води со шест бодови, Лихтенштајн и Ерменија имаат по три, Гибралтар е без освоен бод.