петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Спировски: Со Исланд да пробаме да ги надоместиме загубените бодови со Ерменија

Спировски: Со Исланд да пробаме да ги надоместиме загубените бодови со Ерменија

Македонија со неубедливо реми без голови против Ерменија во четвроток ја почна новата ера со новиот селектор Благоја Милевски и без досегашниот лидер и капитен Горан Пандев, па стефан Спировски, еден од најискусните во актуелниот тим, посочи дека црвено-жолтите на исланд утре попладне од 18 часот ќе се обидат да го надоместат тоа што го загубија во Скопје.

Македонија по четири кола има седум бода, три зад Ерменија, а два зад Германија, кои утре играат меѓусебен меч, па сега шансата на црвено-жолтите е да го искористат лошиот период на „рибарите“ со нивните осум порази во деветте последни меча од октомври лани на официјалните мечеви за да останат во трка за тоа второ место во мундијалските квалификации.

„Оваа група е изедначена, ако ја тргнеме Германија настрана, па за второто место сите имаме шанса и еве сега повторно убава шанса пред нас да пробаме да ја стигнеме Ерменија и да направиме еден чекор напред за тоа второ место кое води во баражот. Тука сме на Исланд да пробаме да ги надоместиме тие загубени бодови од мечот во Скопје“, вели Спировски.

Македонија одигра неубедливо реми, без идеја како да даде гол, иако имаше над 60 отсто посед на топката и ја диктираше играта пред два дена.

„Мечот со Ерменија беше прв за нас со новиот селектор, со новите замисли и новите идеи, па мислам дека добро се прилагодивме на стилот што го бара селекторот. Сепак, Ерменија добро се бранеше, ние не ги искористивме нашите шанси што ги имаме, па сега имаме шанса да се поправиме. Тоа што некои фудбалери немаат минутажа не е проблем, тука сме да играме за Македнија, а сѐ друго останува зад нас. Максимално спремни сме да го дадеме максимумот“, додава Спировски.