Eден ден по роденденот на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, односно вчера, во Буенос Аирес беше откриена негова статуа висока 2,8 метри. Марадона завчера наполни 58 години.
– Скулптурите обично се подигаат во чест на починати, а Диего е жив. Тој ја заслужува почитта додека сѐ уште е жив, и луѓето би требало да знаат дека неговиот роден крај секогаш ќе го памети, изјави директорот на Комисијата за историски истражување во Ла Патернал, Алберто Перез.
Споменикот е поставен до стадионот на Аргентинос јуниорс, каде што Марадона ја почна фудбалската кариера, и тој е олицетворен со дрес од неговиот матичен клуб.
Потоа тој играше и за Бока јуниорс, Барселона, Севиља, Наполи (со кој освои и две титули) и Њуелс бојс. Кариерата ја заврши во Бока во 1997 година. Со својата Аргентина го освои Светското фудбалско првенство во 1986., и играше во финалето четири години подоцна. Од 2008. до 2010. беше и селектор на националниот тим.
Некогашната фудбалска ѕвезда не присуствуваше на свеченото откривање на споменикот.