Се одиграа неколку квалификациски натпревари за пласман на Светско првенство, во кои беа постигнати очекувани резултати на сите терени каде во предност беа фаворитите, освен во Ирска, каде домашната селекција се спаси од пораз во финишот од репрезентацијата на Казахстан (1:1).
Србија на свој терен со 4:1 ја совлада селекцијата на Луксембург каде два гола постигна Митровиќ, еден автогол, додека еден беше дело на Миленковиќ.
Словенија важеше за голем фаворит против Малта, но победи само со 1:0 и тоа со гол од пенал. Русија на гости ја совлада селекцијата на Кипар, додека Норвешка со 2-0 беше подобра од Летонија.