понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Србите им подготвуваат „пекол“: Шаќири и Џака ќе мора принудно да играат во Нови Сад!

Србите им подготвуваат „пекол“: Шаќири и Џака ќе мора принудно да играат во Нови Сад!

Фудбалската репрезентација на Швајцарија, за која настапуваат фудбалерите со албанско потекло, Џердан Шаќири и Гранит Џака, неочекувано е приморана да гостува во Србија, каде што во март следната година ќе го одигра мечот од квалификациите за ЕП 2024 против Белорусија.

Причина за ваквата одлука на УЕФА е суспензијата за Белорусите поради помошта која му ја даваат на Путин во војната против Украина, поради што средбите мора да ги играат на неутрален терен. Но, овој пат на дуелот во Нови Сад се очакува да имаат поддршка од преполни трибини, а причината не се тие туку омразата која владее помеѓу Србите и Џака и Шаќири.

Срби и Швајцарија одиграа неколку жешки средби во последните години, од кои две на последните два Мундијали, на кои се случуваа скандали со жестоки провокации од страна на швајцарските фудбалери, кои прво „летаа орли“, а неодамна во Катар по средбата облекоа дрес со името на основачот на озогласената ОВК.