Немања Радоњиќ стана херој на навивачите на Олимпик Марсеј поради потегот по натпреварот со Монако, што неговиот тим го доби со 4-3 на гости на „Луј Втори“.
Гостинските навивачи беа во екстаза по триумфот над локалниот ривал па сакаа влезат на теренот и да прослават со фудбалерите. Веднаш реагираше полицијата, а во мешаницата влета и Немања Радоњиќ. Тој се обиде да одбрани еден навивач од полицајците и веднаш стана херој.