Црвена Звезда остана непоразена на гостувањето во Португалија кај Брага (1-1), резултат кој им го донесе првото место во групата и осминафиналето во Лигата на Европа.
Овој успех знаеше како да го прослави тренерот Дејан Станковиќ кој лизгаше на теренот на Брага со што потсети на Жозе Мурињо од најдобрите времиња.
-Се слушнав со синот Стефан по натпреварот, па тој ми рече: Папи, ти изгледаше како Жозе против Барселона. Емоциите беа исти, тоа беше иста трк, но јас сум далеку од Мурињо. Имаме многу работа за да дојдеме до она што го имаше Мурињо, -истакна Деки.
-Ова е плод на работата. Многу беше направено, поминавме низ се. Убав момент. Црвена звезда испиша лист историја, како што велат Италијанците. Мораме љубоморно да го чуваме. Кои се границите, не знам, -додаде тренерот на „црвено-белите“.
Look at what topping the group means to Dejan Stankovic and Red Star Belgrade 🇷🇸 pic.twitter.com/8mkNe09tHQ
— DAZN Canada (@DAZN_CA) December 9, 2021