вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Статистиката на Фернандес е брутална: Поминаа деветнаесет месеци, а Бруно Фернандес уште е без пораз на гостински терен

Статистиката на Фернандес е брутална: Поминаа деветнаесет месеци, а Бруно Фернандес уште е без пораз на гостински терен

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандес е еден од играчите кои го сменија менталитетот во тимот на Манчестер Јунајтед.

Иако уште го чека првиот трофеј, од неговото доаѓање, екипата од Олд Трафорд е сосема поинаква и атакува на победа на секој натпревар. По еден елемент, Португалецот е на прво место во Јунајтед, а можеби и во историјата на Премиер лигата. Од неговото доаѓање, „ѓаволите“ немаат претрпен пораз на гостински терен.

Таа серија сега изнесува 28 натпревари што е нов рекорд во англискиот фудбал. Последен пат, Јунајтед загуби на гости на 20 јануари 2020 година, десетина дена пред дебито на Бруно Фернандес.