Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми веројатно е пред нова клупска промена. Иако во март се пресели во Пекинг Гуан од Динамо Загреб, играчот за врска е пред кам-бек во таборот на „модрите“.
Хрватските медиуми веќе некое време шпекулираат и најавуваат враќање на Адеми во ХНЛ, а веројатно тоа и ќе се исполни.
Тој ќе допатува во Скопје, ќе одговори на повикот на селекторот Благоја Милевски и ќе биде на располагање за дуелите со Италија и Малта.
Сепак, гласините за враќање во Динамо сега дополнително ги подгреа Стефан Ристовски. Доскорешниот македонски капитен кој се повлече од репрезентацијата, објави фотографија со Адеми и стави песочен часовник, кој обично означува дека нешто наскоро треба да се случи.
Тоа се карактеризира како најава за враќањето на легендата во Динамо Загреб.