Македонската фудбалска репрезентација во рамки од подготовките за Европското првенство ќе одигра пријателска средба со репрезентацијата на Словенија.
На прес-конференцијата за најава на дуелот зборуваше и дефанзивецот Стефан Ристовски кој рече дека е среќен што конечно навивачите ќе се вратат на трибините.
„Имаме два натпревари пред нас и сме фокусирани на нив. Мислам дека имаме доволно време за подготовка пред почетокот на Европското првенство. Првиот натпревар на турнирот ни ја носи Австрија. Пред две години добивме лекција од нив, јас тогаш реагирав незадоволно поради начинот на кој што се претставивме. Но, мислам дека тоа беше чувството кај сите.Одамна не сме играле пред публика. Навистина македонската нација заслужи да нè гледа по толку време“, рече десниот бек.
foto: gol.mk