Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски стави потпис на нов договор со хрватскиот клуб, ќе остане во Динамо Загреб до јуни 2025 година.
Ристовски се наметнува како нов лидер на Динамо Загреб, оваа пролет имаше со четири гола и две асистенции. На задоволство на двете страни договорот е продолжен.
Македонецот во Динамо Загреб пристигна сезоната 2021 од Спортинг Лисабон за сума од еден милион евра, Ристовски претходно играше за Ријека, Парма, Фросиноне, Бари, Латина.