Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски немаше успешна епизода во Пјуник, па беше јасно дека ќе си замине од Ерменија и ќе побара нов предизвик во кој ќе ја врати кариерата на вистински пат.
Тој од понудите кои стигнаа на негова адреса ја избра онаа од Кипар каде ќе игра за Етникос Ахна. Ова за него е враќање во оваа земја со оглед на тоа што во сезоната 2020/2021 настапуваше во АЕК Ларнака.
Македонскиот репрезентативец во досегашната кариера освен во нашата земја има настапувано уште во Бугарија, Израел, Унгарија и Украина.