Фудбалерот на македонската фудбалска репрезентација и член на АЕК Ларнака Стефан Спировски, вели дека не чувствуваат посебен притисок заради учеството на ЕП, туку веруваат во себе и се подготвени одново да ја израдуваат Македонија.
„Сите собири со репрезентацијата ни се исти, немаме никаков притисок дека сега се подготвуваме за ЕП. Првпат сме на ваков собир и ова голем момент за сите нас и со нетрпение го очекуваме. Немаме поголем притисок, веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата.
Еуфоријата од претходните успеси е веќе минато за нас, сега се стремиме кон нови цели. Добро се подготвуваме, пред дебито ќе одиграме две пријателски средби и чекор по чекор и со малку среќа зошто и да не ја поминеме групата. Искрено немам посебна трема, можеби само таа позитивната. Ќе одиме таму и ќе уживаме на натпреварите и ќе пробаме да оствариме што подобар резултат и да се вратиме задоволни и радосни од тоа натпреварување“, рече Спировски