Шпанскиот тим на Барселона може да добие големо засилување во јануари.
„Каталонски Спорт“ објави дека раководството на клубот сака да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на позајмица.
Стерлинг ја загуби стартната позиција од Пеп Гвардиола оваа сезона, а наводно го загубил влијанието што го имал и во тимот.
На клубот не би му пречело да го напушти тимот. Барселона се обиде да го ангажира во летниот преоден рок, но не беше постигнат договор.Стерлинг би пристигнал во Барселона на позајмица во јануари барем до крајот на сезоната, а можно е позајмицата да биде за подолг период.