Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е среќен за доаѓањето во клубот на Џек Грилиш од Астон Вила.
– Донесовме одличен играч кој сака да се докаже на највисоко ниво. Мислам дека нема подобар клуб да се обиде да го направи ова. Грилиш е играч кој секогаш сака да ја има топката, тој е креативен и ја испорачува топката на отворени простори.
Ова е уште еден креативен играч во Манчестер сити, за што сум многу среќен. Се надевам дека ќе ми помогне да постигнувам голови почесто. Добро е кога во тимот доаѓаат силни играчи. Уверен сум дека Грилиш ќе може да изгради одлична кариера овде, смета Стерлинг.
Манчестер сити е бранител на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига.