Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, го продолжи за уште две сезони договорот со клубот до јуни 2024 година.
Џерард го презеде клубот од „Ајброкс“ минатото лето и го доведе тимот до второто место во првата сезона по враќањето во Премиер лигата.
Ренџерс во моментов е на второто место во привремениот пласман во Шкотска, заостанувајќи 2 бода зад шампионот Селтик по 15 одиграни натпревари.
„Сините“ од Глазгов се квалификуваа и за шеснаесетфиналето на Лига Европа.