Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев ќе влезе во завршницата на актуелната сезона со нов тренер, откако шефот на стручниот штаб Ѓорге Стојчев вечерва поднесе оставка.
Стојчев ја напушта третопласираната Академија Пандев, откако струмичкиот прволигаш во двете последни прволигашки кола освои само бод и му претстои неизвесна борба да обезбеди настап во европските купови.
– Со срце и душа работев од создавањето на клубот па сè до денес. После двата последни резултати одговорноста ја преземам јас како тренер. Им посакувам на клубот и играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам дека Академија Пандев ќе игра во европските натпреварувања, напиша Стојчев на својот Фејсбук профил.
Стојчев беше назначен за тренер на Академија Пандев во јануари годинава на местото на Александар Васоски.