среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Столе Димитриевски интересен за два шпански клуба

Столе Димитриевски интересен за два шпански клуба

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше одлични настапи на Европското првенство.

Иако прими осум гола, на трите натпревари кои ги одигра Македонија на овој собир, покажа дека брани во одлична форма и беше еден од најдобрите поединци на селекторот Ангеловски на нашиот премиерен настап на континенталниот шампионат.

Неговите партии не останаа незабележителни, па како што пишуваат шпанските медиуми за услугите на македонскиот голман постои интерес од два клуба од Шпанија.

За потписот на 27-годишниот чувар на мрежата заинтересирани се  Гранада и Хетафе .