Рајо Ваљекано на Столе Димитревски одигра херојски меч и успеа да ремизира против фаворизираниот Атлетико Мадрид. Радамел Фалкао од пенал донесе голем бод за гостинскиот тим.
Македонскиот голман капитулира во првиот дел. Пред да го прими погодокот од Алваро Мората, нашиот интернационалец со топката ја погоди камерата која стои високо на центарот на „Ванда Метрополитано“. Несекојдневниот момент беше причина за сеир во шпанските медиуми ден подоцна.
Камерата стои на висина од 70 метри и речиси е невозможно да се стигне до неа на овој начин. Но, тоа му успеа на Димитриевски, кој приреди мало шоу во престолнината, пишуваат шпанските медиуми.
Видеото погледнете го ТУКА