вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стоук го назначи Ламберт за нов менаџер

Стоук го назначи Ламберт за нов менаџер

Поранешниот шкотски репрезентативец Пол Ламберт е нов менџер на Стоук, пренесуваат англиските медиуми.

Ламберт, кој на ќе клупата на Стоук ќе го наследи Марк Хјуз, нема ангажман од крајот на минатата сезона, кога го напушти Вулверхемптон.

Раководството на Стоук одлучи да го преземе овој чекор по неуспешните преговори со Славен Вилиќ, Мартин О’Нил и Кике Санчез Флорес.
Ламберт, покрај Вулверхемптон, работел и во Астон Вила, Блекбурн, Норич и уште неколку англиски клубови.

Стоук по 22 круга во Премиер лигата е на 18 место со 20 бода, еден помалку од Саутемптон кој е прв над зоната за испаѓање.