петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Струга ТЛ пред пласман во плеј-офот во Лигата на Конференции

Струга ТЛ пред пласман во плеј-офот во Лигата на Конференции

Струга Тим Љум триумфално го отвори двомечот против претставникот од Луксембург, Свифт Есперанж и славеше солидна победа со 3-1 (2-0) во рамките од второто коло од квалификациите на Конференциската лига. Апсолутен херој на натпреварот беше Бесарт Ибраими, кој ги постигна сите голови за домашниот состав.

Натпреварот започна со блага иницијатива на Струга Трим Љум. Актуелниот шампион имаше повеќе од играта, но без конкретни шанси во првите дваесетина минути.

Свифт Есперанж во тие моменти делуваше сосема летаргично, а згора на тоа, гостинскиот голман Чекановиќ во 23. минута направи огромна грешка, по која Бесарт Ибраими немаше проблем да ја смести топката во празната мрежа (1-0).

Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ беше прецизен реализатор на ударот и Струга на полувремето водеше со сигурни 2-0.

Почетокот на второто полувреме донесе комплетно нова слика на теренот. Есперанж успеа да намали на 2-1 уште во првата акција, а стрелец беше германскиот интернационалец Доминик Штулц

Струга Трим Љум успеа да го затвори натпреварот во своја полза и славеше победа од конечни 3-1.

Доколку го мине Есперанж, Струга Трим Љум ќе има историска можност да настапи во „плеј-офот“ пред групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.