петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Суарез со порака до Чави: Во Барса е војна, почекај не е време да се вратиш!

Суарез со порака до Чави: Во Барса е војна, почекај не е време да се вратиш!

Уругвајската ѕвезда Луис Суарез, поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Барселона кој сега игра за Атлетико Мадрид откако беше набркан од Каталонија му упати порака на Чави Ернандез, легендарниот шпански фудбалер за врска дека не е време да се врати на „Камп Ноу“.

Чави веќе подолго време се поврзува со клупата на Барселона, уште кога Ернесто Валверде доби отказ, но легендарниот фудбалер на Каталонците сепак не ја прифати понудата, а сега повторно се посочува како главен кандидат за клупата заедно со Роберто Мартинез, како наследници на Роналд Куман.

„Во Барселона во моментов има војна, која е штетна за фудбалерите. И мој совет со Чави е да почека, ова не е идеално време за да се врати. Мислам дека е паметен и ќе мора да го дочека својот момент“, рече Суарез.

Уругваецот за Барса играше од 2014 до 2020 година и е трет најдобар стрелец со 195 гола на 283 меча.