недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Судот немаше милост кон Дани, најтрофејниот фудбалер останува зад решетки!

Судот немаше милост кон Дани, најтрофејниот фудбалер останува зад решетки!

Иако Даниел Алвес се надеваше дека судот во Барселона ќе ги прифати неговите аргументи за да биде пуштен на слобода, тоа не се случи, на бразилскиот фудбалер продолжен му е притворот и останува зад решетки.

Најтрофејниот фудбалер во историјата е обвинет за силување и треба да му се суди, а додека да дојде судењето, ќе мора да биде во затвор.

Поради финансиската моќ која ја има и опасноста од бегство, а и поради тежината на делото кое му се става на товар (може да биде осуден дури на 12 години затвор), судот не го пушта на слобода дури ни под услов да му биде одземен пасошот или да му биде ставена алка за следење на движењето.