среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Супер меч во Ла Лига, Барселона му одржа лекција на Атлетико Мадрид

Супер меч во Ла Лига, Барселона му одржа лекција на Атлетико Мадрид

Шпанските фудбалски гиганти Барселона и Атлетико Мадрид веројатно го одиграа најдобриот натпревар и приредија една неверојатна претстава на денешниот меч. Домаќините на крајот стигнаа до триумфи со 4-2 во дербито на 23. коло во шпанскиот фудбалски  шампионат

Натпрераот почна со водство на гостите со голот на Караско во 8. минута. Само две минути подоцна Алба со голот на годината израмни на 1-1, а потоа со погодоците на Гави, Араухо и Дани Алвес по 49. минути игра Барселона имаше големи 4-1.

На 4-2 намали Луис Суарез во 58. минута, по што следеше големата глупост на Дани Алвес кој по „крвничкиот старт“ над Караско доби директен црвен картон во 69. минута.