вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Свен Горан Ериксон заради здравствени проблеми ја заврши тренерската кариера

Свен Горан Ериксон заради здравствени проблеми ја заврши тренерската кариера

Поранешниот фудбалски селектор на Англија Свен Горан Ериксон, поради здравствени причини e принуден да ја заврши кариерата.

Швеѓанецот, кој во последните години работеше како спортски директор на третолигашот Карлштад, рече дека е време да престане со работа. Ериксен не откри точно кои се проблемите и рече дека фудбалот во иднина ќе му биде само хоби и забава.

„Одлучив да ги прекинам фудбалските активности поради здравствени проблеми, поради што моментално сум на лекарски прегледи. Фокусиран сум на моето здравје и семејството, па мојата работа во Карлштад ќе биде ограничена. Им благодарам на сите мои пријатели за нивната поддршка и почитување на мојата приватност“, рече Ериксон.

За време на својата богата кариера, меѓу другите клубови, Швеѓаецот ги водеше Бенфика, Фиорентина, Лацио, Рома, Сампдорија и Манчестер Сити, Лестер Сити и неколку клубови во Кина, а на кормилото на англиската репрезентација беше од 2001 до 2006 година.