Фудбалерите на Свонси на едно коло пред крајот на сезоната практично ги загубија сите шанси за опстанок во Премиер лигата.
Клубот од следната сезона ќе настапува во Чемпионшип лигата, која е втора по квалитет вo англискиот фудбал, а сосема извесно е дека ќе го води друг тренер, бидејќи Карлос Карвахал си заминува.
На Карвахал договорот му истекува на 30 јуни, а управата на Свонси не планира да ја продолжи соработката.
Иако Свонси имаше сериозни шанси за опстанок во елитната лига, сепак, со четирите порази во низа, вклучително и од најслабиот клуб на табелата Саутемтон, си го трасираше патот кон втората лига.
Теоретски Свонси може да остане во Премиер лигата, ако убедливо го победи Стоук во последното коло, а Саутемтон да биде уште поубедливо поразен од Манчестер сити со цел да ја надополни разликата од плус девет, што е речиси невозможно.
Карвахал дојде во Свонси на крајот од декември на местото на Пол Клемент.
МИА